Од партијата „Алтернатива“ велат дека Владата функционира нормално и оти нема причина за некаква реконструкција по пишувањата во дел од медиумите дека со оставката на министерот за локална самоуправа ќе има и мини реконструкција со која ќе бидат опфатени и министрите за здравство и за информатичко општество и администрација од редовите на „Алтернатива“.

„Сега засега Владата функционира нормално и нема причина за никаква реконструкција. Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се едни од најуспешните кадри, не само на Алтернатива, туку и во целата Влада воопшто. Затоа, не гледаме причина за отворањето на вакви непотребни теми“, велат од „Алтернатива“.