Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 55 војници се вратиле во Русија по големата размена на затвореници со Украина.
– Сите војници пристигнаа на територијата на Русија со воени авиони и се наоѓаат во медицинските установи на министерството, се наведува во соопштението, но не се споменува дека меѓу разменетите затвореници е и поранешниот украински пратеник Виктор Медведчук, кој е близок до руските власти.
Украина ноќеска објави размена на 215 воени заробеници со Русија, вклучително и лидерите на одбраната во челичарницата Азовстал во Мариупол, симбол на отпорот на руската инвазија.