Македонското друштво Пирин од Мелбурн, Австралија, кое го води Ицо Најдовски, собрало 12 000 долари и веќе ги испратило на сметка на македонското културно друштво кое се отвора во Благоевград.

Парите треба да послужат за отворање на клубот и за судски трошоци за битката за правда што ја бараат Македонците од Бугарија пред европските судски инстанци. Според најавите, спонзорството ќе продолжи и во иднина.

Многу од нашите иселеници се приклучиле на оваа иницијатива на Најдовски и уплаќале помеѓу 50 и 350 долари кои би требало да им помогнат на Македонаците во Бугарија.