Аргентинецот Хорхе Сампаоли е назначен денеска за нов тренер на шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља, ден откако клубот му врачи отказ на Жулен Лопетеги.
-Сампаоли потпиша договор до 30 јуни 2024 година и уште вечерва ќе го одржи првиот тренинг со екипата, соопшти Севиља.
Сампаоли се враќа на клупата на Севиља на која седеше во текот на сезоната 2016/17, пред да биде назначен за аргентински селектор.
Овој 62-годишен аргентински стратег беше без ангажман од минатиот јули кога замина од Олимпик Марсеј. (МИА)