Умерено подготвена во поголемиот дел од политичките критериуми и добро подготвена во делот на економските критериуми. Ова е оценката на Европската комисија за Македонија во најновиот Извештај за напредокот на земјава кон ЕУ, кој еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи го презентираше денеска при што во делот за политичките критериуми се наведува дека земјава продолжила со напорите за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, и покрај некои предизвици, известува ТВ Телма.

…Македонија покажа посветеност и направи стабилен напредок во имплементирање на европските реформи. Но, земјата мора да ја задржи брзината и да го искористи целиот потенцијал на скрининг процесот за забрзување на спроведувањето на европските реформи“, изјави Оливер Вархеи, еврокомесар за проширување на ЕУ.

За политичкиот дијалог во земјава подиректен беше известувачот за Македонија во Европскиот парламент.

Би ги охрабрил и опозицијата и владините партии да седнат и конечно да најдат компромис на геополитичката ориентација на земјата. Иако е јасно дека … Македонија е дел од НАТО, сакам да видам опозицијата и владата да работатат заедно кога станува збор за приоритетите поврзани со ЕУ. Може да се караат за многу работи, но кога станува збор за иднината на земјата и за клучните реформи тие мора да соработуваат“, изјави Илхан Ќуќук, известувач за Македонија во ЕП

Слабата алка во политичкиот дел е лоцирана во функционирањето на Собранието за кое во Извештајот се наведува дека е поларизирано што довело до одложување на носење на многу закони.

„Потребно е правилно планирање и консултации за да се ограничи употребата на брзи процедури со цел да се овозможи ефективна проверка и консултации за законодавството“.

За Европската комисија приоритет е заеднички и брз напор на сите партии за јакнење на улогата на Собранието како форум за конструктивен политички дијалог, особено за европската реформска агенда.

Вархеи презентирајќи го Извештајот за земјава пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, во неколкуте реченици со кои го направи тоа ги спомена конкретно борбата против корупцијата, јавната администрација и усогласувањето на македонската со надворешната политика на ЕУ.

„Борбата против корупцијата мора да продолжи и дополнителни напори се потребни во областа на реформа на јавната администрација. … Македонија направи многу добар прогрес во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика и сега е целосно согласна со позициите на ЕУ и изјавите кои следа по војната во Украина“, рече Вархеи.

За јавната администрација за која бил постигнат ограничен напредок во спроведувањето на минатогодишните препораки, се нотира дека одложено е носењето на регулатива која треба да ги забрза реформитре. Во делот за борба против корупцијата позитивно е спомената Антикорупциска за својата проактивност и со барање нејзината работа да биде поддржана со зголемување на нејзините финансии и човечки капацитети.

Освен јавната администрација и борбата против корупцијата во Извештајот оцена умерена подготвени, добија и областите слободата на говорот и судскиот систем.

Сепак иако судството е умерено подготвено Комисијата нотира дека преку стабилна имплементациија на стратегијата за реформи во правосудството, за која во иднина смета дека треба да биде посистематска.

За разлика од политичките критериуми во економските нотирано е дека земјава направила одреден напредок и постигнала добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Сепак високото ново на сивата економија и како и недостигот на стручен кадар на пазарот на трудот се нотира дека ја уназадува бизнис климата во земјава. Тоа, заедно со големиот јаз во транспортната и енергетската инфраструктура, ниските инвестиции и трошоците за иновации, Комисијата смета дека го кочат потенцијалот за раст на земјата.