Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од 20:15 часот на МТВ ќе дебатира со повеќе новинари од националните телевизии, откако премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски не ја прифатил неговата покана за дебата.

Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори.
Дебатата како размена на аргументи, ставови и погледи на нештата е фундаментот на здрава демократија.
Затоа вечер ја користам можноста на Македонската Телевизија во отвореното студио кое ќе започне во 20:15 часот да дебатираме со новинари од повеќе национални телевизии. Следете!, повика Мицкоски.