„Телеком“ од 1 октомври ги зголемува цените на пакетите за интернет и ТВ, известување за ова имало на сметките за последниот месец. Со ситни букви под сметката стои дека корисниците имаат рок од 30 дена да го раскинат договорот или да мигрираат во друг пакет. Ваквата информација со мали букви е напишана на последната, септемвриска смета. Рокот за раскинување на договорите, без притоа да се плаќаат пенали е до крајот на овој месец. Ова не важи за оние кои имаат Магента пакет. Таму нема зголемување на цената.

Од АЕК велат дека ова е сосема законски иако се игра на карта дека никој не ги чита сметките.

Видео прилогот погледнете го на следниот линк