Претседателот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев во интервју за бугарската национална телевизија БТВ вели дека Македонија водела лицемерна политика.

– Од една страна ги осудува настаните, од друга страна на отворањето на клубот во Благоевград присуствувал секретарот на претседателот Стево Пендаровски, изјави Колев.

Тој рече дека Македонија барала начин, како сама да си стави вето на патот кон ЕУ.

– Нема да ме чуди за многу брзо време РСМ да добие жолт картон од ЕУ. Ако мислат дека со вакви двојни игри од времето на Југославија ќе ја осигурат европската иднина на македонските граѓани, длабоко се лажат, потенцираше Колев во изјава за БТВ.