Реакциите на студентите уследија откако беа предложени законски измени со кои се предвидуваа нови критериуми за аплицирање за студентски оброци. Според планот, студентите кои добиваат стипендија, апсолвентите и студентите чии семејни приходи ја надминуваат минималната плата од 18.200 ќе немаат право на студентски оброк.
Но, по големата бука во јавноста овие предлози беа повлечени. Студентите, пак, бараат и изедначување на стипендиите со највисок износ, отстранување на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и заштеда на енергија, подобрување на условите и итна санација каде што има потреба во студентските домови.
Барањата на студентите
• Повлекување на новите измени во законот за субвенционирање на студентски оброци.
• Изедначување на стипендиите со највисокиот износ.
• Отстранување на студентите од владините антикризни мерки за рационализација и заштеда на енергија.
• Подобрување на условите и итна санаација каде што е потребно во домовите.
Студентите утре се поканети на средба со министерот за образование Јетон Шаќири и со претставници на парламентарните партии. Премиерот вели дека веќе побарал повлекување на две од ограничувањата поврзани со стандардот на студентите.
Со новите предлог-измени на законот се предвидува зголемување на дневната субвенција од 120 на 140 денари. Средствата може да се користат само за јадење. Ќе се склучат договори со угостителски објекти за намалување на цената на храната за 30%.
За време на пандемијата, на студентите им даваа по 120 денари за студентски оброк, односно месечно им се собираа по 2.400 денари, но немаше механизми за контрола на што може да се потрошат овие пари