Пред малку учествувавме на средбата во Собранието што беше организирана од пратеничката група на СДСМ која беше и предлагач на спорниот закон за што имаше денеска и студентски протест.

Ние иако непоканети не знам од која причина учествуваме на средбата сакајќи да ги соочиме аргументите и да ги дадеме нашите аргументи пред студентите, односно нашите предлог решенија на нивните проблеми.

Се случи една комична ситуација каде што прво од пратениците на СДСМ не ни беше овозможено правото на збор, но потоа по барање на дел од студентите ние го преточивме нашето решение. А, тоа е дека на втори ноември исто така и ние имаме поднесено закон под итна постапка, во кој што најголем дел ги решава и барањата на студентите. А, тоа е тргнувањето на сите оние спорни услови во овој момент кои што ги предлагаа со спорниот закон за добивање на студентски оброк. Односно почивање на истите оние услови кои што беа усогласени со законот од 2020-тата година. Како и заради инфлацијата од 20% и зголемување на цената на храната 30%, баравме зголемување на сумата на студентски оброк од 120 на 160 денари.

Заради тоа што сметаме дека има фискален простор во буџетот и за оваа година тоа да се издржи. А, во наредната година со буџетот од 5,3 милијарди евра и те како е суштински важно да се обезбедат средства за студентите.

Во средбата после тоа наше вака излагање беше прекината и ни беше кажано дека ќе продолжи во 18:30 часот, и дека на истата ќе присуствува и премиерот Ковачевски.

Јас само би сакал да ги повикам веднаш и без одлагање особено без политички трикови затоа што политиката не треба да наоѓа место кога се работи за најмладите особено за студентите, веќе во среда имаме собраниска седница, мнозинството да ја изгласа потребата од овој наш предложен закон. И потоа веднаш ќе закажеме комисија за финансирање и буџет која што ја води опозицијата, и преку амандмани можеме да дојдеме до едно консензуално решение кое што ќе ги надмине сите отворени прашања на студентите.