Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека ТЕЦ Неготино нема да се стартува затоа што во моментов цената на струјата која се увезува е поевтина отколку цената на струјата која би се произведувала во ТЕЦ Неготино затоа што треба да се набави мазут.
Тој, како што објави А1он, не објасни зошто домашното производство би било поскапо од увезената струја, а не објасни ниту советникот за енергетика на премиерот Ковачевски, Виктор Андонов.
На прашањето на „А1он“ зошто треба да се набавува мазут за ТЕЦ Неготино повторно сега кога уште во месец август Владата и ЕСМ најавија дека почнале да се набавуваат залихи на мазут, Андонов кусо рече дека ТЕЦ има залихи да работи непрекинато 20 денови.
– Што се однесува до залихите на мазут, тие се некаде одоколу 20.000 тони, или пластично објаснто, ТЕЦ има залихи да работи непрекинато околу 20 денови. Дополнително секојдневно се доставуваат количини мазут, рече тој.
Состојбата со ТЕЦ Неготино која ја прикажаа Бектеши и Андонов е сосема различна од сликата која ја прикажа директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кон крајот на јули, кога пред новинарите рече дека во тој момент се набавува и мазут за рестартирање на ТЕЦ Неготино, со резерви доволни до април идната година.
Извор: А1он