Рускиот милијардер Василиј Анисимов, сопственик на компанијата за развој на недвижности „Коалко интернешенел“ и до неодамна претседател на Руската џудо федерација, доби хрватско државјанство, објави Форбс.
Рускиот претседател Владимир Путин ги критикуваше богатите Руси кои побегнаа во странство по руската инвазија на Украина. Анисимов имал лиценца за вотката од брендот Путинка, која го добила името по рускиот претседател.