Млад богаташ јавно запроси девојка: „Омажи се за мене, имам пари!“, но кога го одби
Еден млад новопечен богаташ од Кина одлучи јавно да запроси девојка, но тоа му се удри во глава, кога таа пред сите му рече „не“.
Ја пречека со балони, ружи, огномет и ламборџини. Иако му рече дека не сака да се мажи, тој постојано и повторуваше: „Омажи се за мене, имам пари. Можам да ти купам еден куп вакви автомобили“.
„Па што ако имаш пари“, рече девојката и си замина.
Тој не можеше да се помири со тоа, па го фрли букетот и тргна да вика и да крши се околу себе.
Многу Кинези на социјалните мрежи прокоментираа дека е добро што девојката ја одбила брачната понуда зошто ова момче очигледно не можело да го контролира својот бес и да се однесува нормално кога нема да го добие тоа што го сака.