Бред Пит ја прослави новогодишната ноќ со Инес де Рамон во Мексико, дознава магазинот „Пипл“ коментирајќи дека ова е негова прва романса во јавност по разводот од Анџелина Џоли.

59-годишниот актер и дизајнерката на накит (32) пристигнале во популарната туристичка дестинација Кабо, Сан Лукас, на почетокот на викендот и таму ја пречекале новата година.

„Тие излегуваат и се забавуваат. Им се случува добра работа. Нема стрес. Бред ужива“, изјави анонимен извор за „Пипл“.

Бред, кој претходно беше во брак со актерките Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, во моментот не се гледа со друга девојка, вели изворот и додава дека е многу среќен со Инес.

„Тој поминува доста време со Инес и многу е среќен“, откри инсајдерот.

За неупатените, Бред, среде тешки правни битки со поранешната сопруга, пред неколку месеци повторно најде љубов во Инес.

Бред и Инес првпат се појавија заедно во јавност минатиот ноември. Таблоидите шпекулираа дека планираат да ја поминат новогодишната ноќ заедно и се чини дека така и се случило.