Среќна 2023 година…!
Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТ во чест на новогодишните и Божикните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година им ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000 евра до 150.000 евра.
За да се купува таков автомобил од работник со просечна плата од 400 евра, истиот тој треба да работи од 27 до 33 години. Препотентноста и луксузирањето, синот на градоначалникот им ги покажува на стружани со нов автомобил кој чини можеби околу 150.000 евра, а тоа само по себе говори за целите и перспективата што неговиот татко му донесе на Струга.
За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниеден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, – чиста МИЗЕРИЈА и ДЕГРАДАЦИЈА -.
Па драги почитувани стружани, Среќна Нова 2023 година и…, да се освестиме и да го прекинеме неоправданото богатење на околу 5 лица на сметка на 50.000 стружани, и на штета на Струга.
Уште колку…?
Алијанса за Албанците – Огранок Струга.