Миланка С, е осомничена дека е сопственичката на кучиња за кои постои сомнеж дека до смрт го искасаа новинарот Владан Радосављевиќ, а тешко ја повредиле неговата сопруга.

Таа по наредба на Основното јавно обвинителство е уапсена од полицијата на Младеновац.

Против неа веќе се води постапка во Основното јавно обвинителство Младеновац поради сомнение дека сторила кривично дело предизвикување општа опасност, затоа што истите кучиња кои го нападнаа новинарот на 1 ноември нападнале девојчето и му нанеле полесни повреди.

Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) починал откако го искасале улични кучиња во селото Велика Иванча кај Младеновац.