Како градоначалници од Скопскиот плански регион, а поттикнати од клеветите на претседателот на партијата Левица и пратеник Димитар Апасиев дека наводно “општините имаат земено пари да го бранат најголемиот загадувач во Скопје” подоле во текстот се наведува Циментарница УСЈЕ, го повикуваме јавно Апасиев да достави релевантен доказ за ваквото негово тврдење и доколку се испостави за вистина ние сме спремни да се повлече од функциите градоначалник, а во спротивно доколку нема таков доказ го повикуваме да се извини и да се повлече од политиката при што ќе биде јасно дека слугува токму на одредени политички интереси кои секако не се од полза за граѓаните и Македонија.
Воедно подготвени сме и заедно да излеземе на терен со надлежните институции, обвинителство, инспекторат за животна средина и градот Скопје па точно да се утврди кој го загадува воздухот за граѓаните од скопскиот регион.
Доста зад превезот на лажното душегрижништво се штитат политички интереси и се прават лажни кариери.
Ср.
Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром;
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода;
Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба;
Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров;
Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел;
Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец;
Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден;
Стефче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште;
Коста Маневски, градоначалник на општина Зелениково