Претседателот на Здружениот Генералштаб на оружените сили на САД, генерал Марк Мили, денеска изрази силно сомневање дека Украина ќе успее да ги истера руските трупи од нејзината територија оваа година.
– Од воена гледна точка сè уште тврдам дека за оваа година ќе биде многу, многу тешко воено да се исфрлат руските сили од сите, секоја педа од … окупирана Украина, им рече Мили на новинарите на состанокот организиран од САД за Украина во воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија.