Таблети за крвен притисок кои ги користат стотици милиони луѓе од целиот свет го зголеми ризикот од рак на белите дробови, покажа новото научно истражување.
Имено, според заклучокот од истражувањето спроведено од страна на научниците од Универзитетот Мекгил во Монтреал во канадската провинција Квебек, пациентите со висок крвен притисок кои пијат т,н. АКЕ инхибитори, по шест години имаат 14% поголеми шанси да добијат рак на белите дробови од оние со висок притисок, кои пијат друг вид лек за притисок.
Лековите за притисок предизвикуваат акумулација на хемикалии во белите дробови?
Истражувачите веруваат дека причината за овој алармантен пропратен ефект е дека лекот предизвикува собирање, односно акумулација хемикалија наречена брадикин во белите дробови, која потоа може да предизвика рак.
Истражувањето беше спроведено во Велика Британија во периодот меѓу 1995 и 2015 година, а беа вклучени дури 992.000 пациенти, од кои еден пиеле АКЕ инхибитори, додека други добиле други видови на лекови за крвниот притисок, т.н.. блокатори на ангиотензини рецептори.
По 10 години употреба на АКЕ инхибитори, ризикот на пациентите со рак на белите дробови се зголемил за 31% во однос на другата група.
Други научници веруваат дека причината може да биде пушењето, а не таблети за притисок
Истражувачите предупредуваат дека „малите релативни влијанија можат да се прераснат во голем апсолутен број на пациенти на кои им се заканува рак на белите дробови”, и додаваат дека „со оглед на потенцијалното влијание на нашите наоди, тие мора да се реплицираат во други средини, особено кај пациентите кои се изложени на (лек) подолг временски период “.
Сепак, други научници изразија сомневање во резултатите од ова истражување. Како можно алтернативно објаснување тие ја истакнаа можноста дека пациентите кои заболеле од рак додека го земале овој лек, биле пушачи.
Професорот Стивен Еванс од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина проценува дека е мала веројатноста овие лекови да предизвикаат рак на белите дробови. „Извлекувањето на силни заклучоци и говор за ефектот на јавното здравство во оваа ситуација се чини прерано”, изјави тој.