Партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-Народна, денеска преку сооопштение побара државата да претстави доказ дека контроверзниот Ванчо Михајлов бил соработник на фашизмот и да бил правно поткрепен.
Во продолжение целото соопштение од оваа партија која е во коалиција со СДСМ и ДУИ:
Во поглед на се почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб ‘Ванчо Михајлов’ поради контроверзноста на неговиот лик и негова наводна колаборација со фашистичките власти, а во насока на почитување и унапредување на правната држава како еден од столбовите на С. Македонија прашуваме дали државата има некаков доказ кој укажува на негова наводна соработка со фашизмот, а притоа тој доказ да е правно поткрепен и во Македонија, но и во Европа.
Ако во Југославија но и во меѓународното право постоел процес кој донел заклучок дека Ванчо Михајлов е докажан соработник со фашизмот тогаш добро е јавноста да биде запознаена и да престанат сите недоречености со ликот и делото на овој човек.
Според партијата на Георгиевски, обвиненијата кои биле паушални воделе кон историски небулози.