Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи еднонеделна национална жалост поради земјотресот.
„Прогласивме национална жалост во текот на седум дена поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари 2023 година. Нашето знаме ќе биде поставено на половина копје до недела, 12 февруари 2023 година, во целата наша земја и во странство“, напиша турскиот претседател на Твитер.
Генералното собрание на Обединетите нации со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите на разорниот земјотрес во Турција и Сирија.
Најмалку 2.300 луѓе загинаа денеска во Турција и Сирија откако силен земјотрес со јачина од 7.8 степени го погоди југот на Турција.