Кандидатката за претседател на САД, Ники Хејли, најавува пресметка со Кина и Русија со зборовите „повеќе боли кога некого ќе шутнеш со штикли, јавува Еурактив.

– Кина и Русија маршираат, и мислат дека можат да нè малтретираат и да нè клоцаат. Треба да знаете една работа за мене – јас не толерирам силеџии. И кога ќе им возвратиш на клоцањето, повеќе ќе боли ако ги шутнеш со штикла, рече таа во видеообраќање.

Поранешната амбасадорка на Обединетите нации претходно најави дека ќе се кандидира на американските избори пред републиканците, со што ќе стане првиот директен конкурент на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Ќерката на индиски мигранти во САД се нарекува себеси заштитничка на американските интереси во странство, а за време на нејзиниот мандат како амбасадорка на САД во Обединетите нации во 2017 и 2018 година, Американците се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор потпишан за време на администрацијата на Барак Обама, кој беше крајно непопуларен меѓу републиканците.