Државната комисија за спречување на корупција ќе проверува како лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари го стекнал имотот во скопско Тафталиџе, откако оваа тема беше актуелизирана за време на собраниската расправа за избор на нови министри од редовите на Алијанса, која одлучи да влезе во владата на СДСМ и ДУИ, пишува Фокус.
„Државната комисија за спречување на корупцијата на колегиумот одржан на 24.02.2023 година, по сопствена иницијатива, оформи предмет за проверка на наводите дека градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари купил недвижност во Скопје од друг јавен функционер, за сума помала од пазарната“, известија од ДКСК.