Градоначалникот  на Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ на струмички карневал се појави маскиран во Тито. Неговата партнерка, го следеше во маската, па беше во улога на Јованка Броз.

На една групна фотографија, Костадинов како Тито е во друштво на човек маскиран во Хитлер, а во нивна близина се вее нацистичкото знаме.

Се разбира, карневалот е време за забава, но ваквото однесување е недозволиво за еден градоначалник кој сигурно знае кој бил Хитлер во историјата и дека неговото промовирање сигурно не е забавно.

Костадинов и неговата девојка Георгиева, маскирани како Тито и Јованка Броз,  позираа со пријателите од неговата група кои вечерта беа Гадафи, Хитлер, Фидел Кастро, Че Гевара и други историски личности.

Градоначалникот рече дека маската нема порака туку дека е повеќе “политичка сатира“, а ликовите од историјата “нека си останат таму“.

На ова реагираше пратеничката Рашела Мизрахи со зборовите:

Карневал поддржан од Владата на Ковачевски?

И за ова ли се трошат народни пари?

НЕ Е СМЕШНО!!!

Да не не подготвуваат за некое ново здружение со интересно име?

СРАМ ДА ВИ Е!!!