Најмалку тројца повредени во пукање во центарот на Тел Авив

/ 09.03.2023

Палестински напаѓач вечерва отвори оган во прометна улица во центарот на Тел Авив, и повреди најмалку три лица, а потоа е убиен, соопштија израелски официјални претставници.

Нападот се случи неколку часа откако во напад на израелската војска беа убиени тројца палестински екстремисти на окупираниот Западен Брег.

Како што е наведено, Палестинецот пукал во улицата „Дизенгоф’, каде има популарни ресторани и продавници, кога имало многу луѓе пред почетокот на израелскиот викенд и додека траат протестите против Владата на Израел.

Спасувачката служба МАДА соопшти дека едниот од повредените е во критична состојба. Медицинската служба Зака ​​потврди дека напаѓачот е убиен.

Тројца палестински екстремисти изутрината беа убиени во судир со израелски војници на Западниот Брег.


Од истата категорија