Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија нема планови за Велигденски прекин на огнот во Украина, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Песков рече дека досега немало никакви иницијативи на овој план и оти за нив Светата недела само што започнала.

Песков ја даде изјавата откако Институтот за проучување на војната предупреди дека Русија може да го искористи православниот Велигден и прекинот на огнот за да ја одложи украинската контраофанзива.