Вечерва на Меѓународниот авион во Скопје слета авионот во кој македонската црковна и владина делегација го превезуваше Светиот Благодатен оган од Ерусалим.

Делегацијата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски која го донесе светиот оган од Ерусалим на аеродромот ја пречека премиерот Димитар Ковачевски.

Оганот ќе биде раширен низ православните храмови во државата каде вечерва ќе се одржат литургии по што на полноќ со биење на камбаните ќе биде објавено Воскресението Христово. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан традиционално ќе богослужи во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.