Во владината група таканаречени експерти за уставно право има и отворена симпатизерка на Владимир Путин, која се сликала на настан на партијата Единствена Русија на рускиот претседател.
„Меѓу членовите на работната група за измени на Уставот предложени од министерот за правда има и член на партијата Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, која отворено декларираше дека е симпатизерка на Путин, а се наоѓа и на американската црна листа“ објави порталот Експрес.
Во работната група членува професорката Јагода Барџовска Митревска, која предава на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.
Со тоа, пишува порталот, Алијанса за Албанците од каде доаѓа министерот Кренар Лога и владата на СДСМ и ДУИ отворено внесуваат руско влијание во промена на македонскиот устав по бугарско барање.