TikTok, социјална мрежа со многу совети, трикови и за жал, многу опасни предизвици.
Тинејџерите, инфлуенсерите и другите корисници често се тркаат да ги завршат популарните „предизвици“ во кои често ги ризикуваат своите животи. Експертите безброј пати предупредувале за оние кои оставаат негативни последици по здравјето, но се чини дека граница повеќе не постои.
На мрежите кружи нов предизвик од TikTok, кој го остави во тешка состојба 16-годишниот Мејсон Дарк од Северна Каролина. Тој добил изгореници на 80 отсто од неговото тело. Мејсон и неговите пријатели сакале да направат импровизиран факел со спреј и запалка. Сѐ тргнало наопаку кога дошло до експлозија по која тинејџерите ги зафатил пламен.
„Тој е непрепознатлив. Непрепознатлив“, изјави за медиумите Холи Дарк, мајката на тинејџерот. Кога се случила експлозијата, Мејсон скокнал во блиската река за да ги ублажи изгорениците, но се појавил со јагленисана кожа. Двата потези завршиле со влошување на неговата состојба: тој се здобил со изгореници од трет степен и бил изложен од висок ризик од инфекција од речната вода.
„Начинот на кој изгледаше кога тие деца го видоа кога првпат влезе, како изгледа сега, е 100 пати поинаков“, рече мајката на младиот човек. Мејсон веќе претрпел неколку операции за трансплантација на кожа. Тинејџерот, кој е фудбалер, се очекува следните шест месеци да ги помине во Центарот за изгореници.