Монструмите Коста К. (13) и Урош Блажиќ (20), кои вкупно убиле 17 млади и раниле уште 20, првиот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, а вториот во селата кај Младеновац, не биле психички болни и биле здрави кога отвориле оган. Според експертите, станува збор за пресметливи нарциси, кои под влијание на своите семејства мислеле дека се подобри и повредни од другите поради што туѓите животи воопшто не им биле важни, пренесуваат српските медиуми.

Професорот Радослав Свиќевиќ, психолог и магистер на социјална медицина, вели дека психолошките профили на масовните убијци од Врачар и д оМладеновац се речиси идентични.

„Објаснувањето за двата масакра може да се најде во профилите на личностите, со соработка на семејни, училишни и пошироки општествени фактори. Кога станува збор за Коста, создадена е личност, која во суштина, по карактерни особини, е нарцисоидна личност, пречувствителна, одмаздољубива и склона кон агресивни реакции. Таквата личност во основа е нестабилна, лесно кревка на некои навреди или животни неуспеси. Ако се гордее што е најдобар во сè, а во следен момент се утврди дека е полош од другите во нешто, тоа кај него предизвикува нарцисоидна траума“, забележува психологот.

Коста К. (13) и Урош Блажиќ (20) при злосторството биле здрави и детаљно испланирале сè.

„Коста не е шизофреничар, но е крајно пресметан. Нарцисоидниот профил на личноста не може да се класифицира како сериозна патологија, туку како посебна карактерна особина, која на крајот може да доведе до шизоидни особини на личноста. Тоа го поткрепува и тоа што во еден момент пред злосторството пречкртал едно лице од списокот за убиство. Тој со тоа покажа како размислува и кои се неговите намери. Сè што правеше, правеше со контрола на свеста и разумот“, вели тој.

Психологот посочува дека сличен профил на личност има и Урош Блажиќ, масовен убиец од Дубона кај Младеновац.

„Тој млад човек е полн со себе, многу внимаваше на своето тело, а во средината во која живееше сакаше да биде посебен. Дефинитивно, бил презаштитен од своите родители. Го живееше својот живот, сакаше да реализира некои желби, кои не беа во согласност со неговите реални можности. Потребата да се сврти вниманието кон себе го илустрира видеото од социјалните мрежи во кое се капе во ладна вода, со снег, каде што истакнува дека негов пример е поранешниот затвореник Кристијан Голубовиќ“, нагласи д-р Свиќевиќ.