Не може никој да се сокрива зад својата функција, а да изнесува ставови кои ја повредуваат јавната безбедност во Македонија“, претседателот Стево Пендараровски одговори на обвинувањата дека забраната за влез на европратеник во Македонија ги нарушува билатералните односи.
Лицата кои имаат територијални претенцзии нема да влезат во Македонија, порача Пендаровски.
Ваквите случувања според Пендаровски влијаат и на зголемувањето на евроскрептицизмот. Дополнително, според него за намалувањето на довербата за членството во ЕУ големо влијание имала и руската пропаганда.
За вториот човек на Европскиот совет за надворешни односи, Чернева, Македонија немало да постигне ништо со забраните. Порачува дека иднината на Македонија е во Унијата, а единствениот пат е промена на македонскиот Устав.
И покрај сите предупредувања Европа треба да си ги исполни ветувањата, вели вицепремиерката Грковска. Сепак признава дека правосудството и спроведувањето на реформите остануваат клучни задачи за Македонија.
Долгото чекање на почеток на преговорите и намалувањето на довербата е загрижувачки, затоа е потребно зголемување на процентот на исполнување на европските барања, беше заклучокот на дискусијата „Руската агресија против Украина: Нов моментум за проширувањето на ЕУ“.