Претседателот Пендаровски на конференција за медиумите изјави дека ги потпишал петте закони за измена и дополна чија содржина се однесува на коридорите 8 и 10-Д.

Законите усвоени со пропишано мнозинство во собранието се следните: Закон за измена и дополна на законот за за работни односи, за експропријација, на законот за градење, за урбанистичко планирање, за утврдување ја јавен интереси и стратешки партнер

Пендаровски посебно нагласи дека усвоениот текст на првиот закон, тој за измена и дополна на Законот за работни односи не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд, а тоа е 60 часовна работна недела.