Американската пејачка Лана Дел Реј поради својот изглед повторно мета на критики од бројни корисници на социјалните мрежи.
Папараците ја фотографираа додека ужива со своите пријатели на плажа во Рио Де Жанеиро. Набргу на „Твитер“ следеа сурови коментари од нејзините фанови кои сметаат дека таа има проблем со килограмите.
„Зошто себеси си дозволи да изгледа вака?“, „Време е да се доведе во ред. Што се случува со неа?“, „Срамота. Некогаш беше најубавата пејачка“, се само дел од нив.
Lana del rey and her boyfriend Jack having a beach day in brazil🏖#LanaDelRey #LanaDelReyNoMultishow pic.twitter.com/wkuR9Ba10N
— SayMyName (@JasourAX) May 28, 2023
Пејачката подлегна и на естетската хирургија, а многумина се убедени дека физичката промена настанала како последица на лошо извршените корекции.
Други, пак, истакнаа дека никој не треба да се соочува со такви критики. Пејачката не се огласила по повод овие коментари и се чини дека воопшто не обрнува внимание на тие кои ја критикуваат без причина.
По четиригодишна пауза, таа завчера одржа концерт. Имено, Лана настапи на фестивалот „МИТА“ во Рио Де Жанеиро. Премиерно изве 4 песни од новиот албум „Did You Know That There’s a Tunnel Under Ocean Blvd?“.