Новиот извештај на ОН покажува дека озонската обвивка на Земјата се обновува и се намалува озонската дупка на Антарктикот.
Озонската обвивка ја заштитува планетата од ултравиолетово зрачење, кое предизвикува рак на кожата, нанесува штета на посевите и создава други проблеми.
Извештајот покажува дека горниот озонски слој на северната хемисфера може да се обнови до 2030 година, а на јужната хемисфера кон средината на векот.
Озонската дупка над Јужниот пол би можела да исчезне околу 2060 година.
– Тоа е навистина добра вест, изјави Пол Њумен, главен научник за Земјата во Годард Центарот за вселенски летови при НАСА.
– Ако супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка продолжија да се зголемуваат, би виделе огромни ефекти. Ние го спречивме тоа, истакна Њумен.
Научниците веруваат дека за ваков развој на ситуацијата придонесе договорот од 1987 година, со кој се забрануваат хемикалии кои се штетни за озонската обвивка.
Озонската обвивка почна да се тенчи во 70-те години од минатиот век.