Силен земјотрес ја погоди Франција

/ 16.06.2023

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Франција денеска во 18 часот и 38 минути.

Епицентарот бил во близина на Нант на длабочина од 10 километри.

Засега нема официјални информации за жртви или евентуална материјална штета.

Корисниците на порталот ЕМСЦ велат дека земјотресот бил почувствуван низ западниот дел на државата.

– Бевме многу исплашени! За среќа бевме надвор, а на куќата се појавија пукнатини – вели еден корисник.

– Чувствував како земјата вибрира 3-4 секунди – додаде друг корисник.

Еден корисник пријавил дека мебелот се преместувал низ куќата.


Од истата категорија