Страшо Ангеловски во емисијата „За или против“ зборуваше и за лошите политики во државава, тендерите кои ги прави власта, и немањето слух за вистинските проблеми.
„Ние немаме власт, туку криминалци кои сакаат да искрадат се што можат“ – рече Ангеловски.
И не само криминалното владеење како што вели Ангеловски, проблем е тоа што СДСМ води политика “на асимилација на македонскиот народ и се што е македонско”.
Според него, требало да се знае исходот од како што рече насилното преземање на власта од страна на СДСМ преку “пуч”.