Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова ja повика Македонија да ги вклучи Бугарите не само во Преамбулата, туку и во сите текстови на Уставот, каде што се споменуваат другите народи во земјата, пренесува Трибуна.
Јотова пред познатата бугарска новинарка Милена Милотинова коментираше дека нема нови дополнителни барања за Македонија, се што треба да се исполни го пишува во францускиот предлог прифатен од Скопје, Софија и Брисел.
Многу се надевам дека новата бугарска влада нема да попушти и ќе продолжи да ја брани бугарската позиција, која постојано е истакнувана пред различни институции. Не сум оптимист, бидејќи гледам одредени колебања и кај нашите европски партнери, како темата за РСМ да им е досадна. Ако за нив е здодевна – за Бугарија е тема од национален интерес, рече Јотова.