„Иако неколку дена градот тонеше и беше во отпад како градоначалници повикавме да реагираат градските служби бидејќи градот Скопје не е само „Комунална Хигиена“, туку има и други останати претпријатија „Улица и Патишта“ , „Водовод и канализација“ , „Паркови и зеленило“ итн. Требаше сите служби да се вклучат и требаше пред ние да алармираме а не да констатираат само со денови дека има проблем во Скопје и дека се таложи отпад“, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека виновникот се знае и е точно детектиран. Тоа е градската управа и неспособноста на градската власт да се справи со проблемите.

„Недозволиво за мене и сите останати е да дозволиме иако тоа не е наша надлежност туку така да ги оставиме работите да се одвиваат со проблемот за кои граѓаните плаќаат за нормално да се одвива тој процес“, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека градската управа се некого лови некого по институциите сакајќи своите неуспеси да ги задрские со тоа што ќе го обвинат некого.