Интересна приказна од Босна и Херцеговина кружи на Твитер: Маж кој не бил услужен од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, поради тоа што носел кратки панталони, се вратил назад во фустан.
За победник на денот на Твитер е прогласен мажот кој во фустан чекал ред во мостарската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Откако тамошните служби одбиле да го примат и да го услужат поради тоа што бил облечен во куси пантолони, се вратил, си купил и се пресоблекол во фустан и… Пак се вратил да чека ред во Фондот за ПИО.