Македонските државјани кои беа застрелани во Халикиди биле сместени во ексклузивен апартман. Извори од истрагата за грчките медиуми велат дека имале резервација во Sunny Villas-Hanioti. Станува збор за скапо место со базени, спа, теретана, редовни журки и грчки специјалитети.

Според податоците на „Букинг“, една вечер престој чини 600 евра, или околу 3 илјади евра за пет ноќи.

Двајцата требало да се отчекираат денеска во 12 часот и убијците тоа го знаеле. Според неофицијални информации со кои располагаат и надлежните органи во Македонија, извршителите на убиството биле со мотор и фантомки на глава. На местото, се пронајдени десетици чаури од истрелите. Лицата ја знаеле трасата на движење на Бајрами-Оки, но и на неговиот партнер Сеад Слезовиќ кој е тешко повреден и во животна опасност.

Двајцата бизнисмени биле активни во Македонија, во казино и фабрика за пијалоци. Детали сподели и МНР, но без да го открие идентитетот на починатиот и повредениот.

Убиениот Орхан Бајрами Оки често можел да се види во друштво со политичари од актуелната власт, а за некои од средбите објавени се и фотографии на Фејсбук и другите социјални мрежи