Македонската фирма Сајтрокс (Cytrox AD) се најде на американската „црна листа “ заедно со уште три други како фирми кои со своите делувања работеле спротивно на американската национална безбедност и надворешнополитичките интереси на Соединетите Држави. Ова денеска го соопшти Министерството за трговија на САД.
Станува збор за фирмите Интелекса С.А (Intellexa S.A.) во Грција, Интелекса Лимитед (Intellexa Limited) во Ирска, Сајтроск (Cytrox AD) во Македонија и Сајтрокс Холдинг (Cytrox Holdings Crt) во Унгарија.
Претходно македонската софтврска компанија Сајтрокс во декември 2021 година беше додадена на „црната листа“ на Фејсбук заедно со унгарската компанија мајка Сајтрокс Холдингс поради злоупотреба на мрежата за шпионажа на корисници. Тие беа дел од седумте компании кои Фејсбук ги блокираше поради сомневање за шпионажа и злоупотреба на податоци.
Овие четири компании се додадени на списокот на комерцијални шпионски ентитети врз основа на утврдувањето дека компаниите кои се занимаваат со трговија со сајбер податоци искористиле за да добијат пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедност на поединци и организации ширум светот.
Распространестоста на комерцијалните шпионски софтвери претставува посебен растечки контраразузнавачки ризик за Соединетите Држави, вклучително и за безбедноста на САД.
„Списокот на ентитети останува а моќна алатка во нашиот арсенал за спречување на лошите актери ширум светот да користат американски технологија за да ги постигнат своите злобни цели“, изјави американскиот заменик-секретарот за трговија Дон Грејвс.