Владата вчера ја прифати одлуката на МОН, во рамки на училишната година за децата од основно и средно образование да има пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај.

Но, родители веќе реагираат дека не станува збор за пролетен распуст од седум дена, бидејќи наредната година во тој период само три дена се работни. Така, 1 мај е Празник на трудот и неработен ден, а на 3 мај е Велики петок кој е неработен за православните верници, а 4 и 5 мај се сабота и недела кога и онака не се учи. Така, поголемиот дел од децата, кога не би била оваа одлука за распустот, би учеле само на 29 и 30 април и на 2 мај, односно три дена.

За сметка на тоа, училишната година ќе им заврши на 17 јуни, што се чини е сосема неоправдано, бидејќи тогаш температурите обични наликуваат на летните.