Пожарникари во Словенија спасија 22 деца од поплавена градинка

/ 04.08.2023

Видеа и фотографии од поплавите кои настанаа по рекордните врнежи во Словенија се шират низ регионот.

Дефинитивно најтрогателните и најемотивните слики дојдоа од градот Менгеш во централна Словенија, каде што пожарникарите мораа да ги евакуираат децата од градинка која беше целосно под вода.

„Ги известуваме родителите дека успешно ги евакуиравме сите деца, вкупно 22, од објектот Сончек“, напишаа пожарникарите на социјалните мрежи.

На сликите можете да ги видите децата и хероите пожарникари кои низ длабока вода ги изнесуваат од градинката. Сцените на пожарникарите и децата длабоко ги трогнаа луѓето од целиот регион, кои оставаат коментари заблагодарувајќи им се на храбрите момчиња.

Во коментарите зборуваше и таткото на едно од момчињата.

„Ви благодарам момци, ја имате мојата најдлабока почит. Ова момче на фотографијата е мое, ви благодарам за помошта“, напиша тој.


Од истата категорија