Албанската опозиција Манифестот потпишан од 12-те партии од парламентарното мнозинство го гледа како политички театар и обид за манипулирање со јавноста, како залог за поддршка на преговорите за целосна интеграција на земјата во ЕУ, објавува ТВ 21.
Од Движење Беса велат дека овој манифест е едноставно обид за манипулирање со јавноста. Според нив, има многу други прашања што треба да се решат во Македонија, а потоа самата ЕУ ќе ги отвори вратите за членство.
„Таканаречениот манифест не е ништо друго туку обид за манипулирање со јавноста, а во пракса постапуваат против членството во ЕУ и вредностите на ЕУ. Се додека од една страна се потпишуваат само хартии, или од друга страна се зголемува корупцијата и богатењето на членовите на семејството на Ковачевски и Ахмети, ЕУ ќе не држи подалеку и ќе остане само сон“, велат од Беса.
Од Алтернатива за ТВ21 велат дека Манифестот не е неопходен бидејќи се потребни дела за евроинтеграции, а ставовите на партијата се повторени илјадници пати.
„Немаме причина да афирмираме нешто што сме го изјавувале илјадници пати. Евроинтеграцијата не е прашање на декларација и манифест, туку определеност и акција“, посочи Зекирија Ибрахими.
Изет Меџити, кој наскоро ќе го формира Демократското движење, за ТВ21 вели дека се е политички театар и обид да се прикријат неуспесите.
„Политички театар. Неуспесите и скандалите сакаат да ги покријат со ПР на криза. Еднаш си даваат оставки, еднаш си потпишуваат манифест меѓу себе“, вели Изет Меџити.