Министерството за одбрана го испратило барањето до Општина Желино да дозволи подигање на споменик во чест на загинатите македонски бранители кај Карпалак, но засега молк од кабинетот на градоначалникот Блерим Сејдиу.
Иако Канал 5 побарал одговор од општината, засега нема информација дали иницијативата на Петровска воопшто ќе ја прифатат и стават на дневен ред.
Со тоа останува неизвесно дали Сејдиу, кој е од редовите на Беса, ќе го следи примерот на тетовскиот градоначалник и партиски лидер Касами кој пред неколку месеци експресно го одби барањето за споменик на загинатите бранители кај Вејце.
Иницијативата на Петровска денеска поттикна и друга инцијатива, токму на денот кога се одбележуваат 22 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на АРМ кај месноста Љуботенски Бачила. Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, под чија општина припаѓа месноста, најави дека општинскиот совет е подготвен да донесе одлука да се отстапи простор за спомен обележје на загинатите кај Љуботенски Бачила.