Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека го зачудува ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека светот и Европа се свртеле против партијата во однос на уставните измени, потенцирајќи дека тоа го потсетува на претходниот прв човек на опозициската партија, Никола Груевски.
Пласирањето на тези дека постои светски заговор, смета премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува.
„Такво нешто слушавме и во минатото. Се подгреваа чувствата на граѓаните на таков начин, цело време беа плашени граѓаните дека постои некаков супер непријател кон нас Македонците, меѓутоа ние после тоа се уверивме дека тоа не е така. Северна Македонија стана членка на НАТО, сите гледаме колку е значајно што сме земја членка на НАТО во време кога се води воен конфликт во Европа“, рече Ковачевски.
Ковачевски нагласува дека неносењето одлуки единствено може да не остави во чекалната, за што и сами кажаа дека биле подготвени да чекаат