Командантот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили, вели дека е прерано да се каже дали летната офанзива на Украина не успеала.

Таа офанзива почна пред околу 90 дена. Се одвива побавно отколку што предвидуваа планерите. Но, тоа е разликата помеѓу она што (воениот теоретичар Карл фон) Клаузевиц го нарече војна на хартија и вистинска војна. Значи, ова се вистински луѓе во вистински возила кои се борат низ вистински мински полиња, и има реално смрт и уништување, а има вистински конфликт. И останува уште разумно време, веројатно околу 30 до 45 дена, вредно за борба против временските услови, изјави Мили во изјава за емисијата „Sunday With Laura Kuenssberg“ на Би-Би-Си.

Генералот додава дека Украинците не се готови.

Оваа битка не е завршена. Тие не го завршија борбениот дел од она што се обидуваат да го постигнат. Па ќе видиме, рано е да се каже како ќе заврши ова. Тие барем делумно успеаја во она што го зацртаа и тоа е важно. А потоа ќе почне да врне и ќе стане многу калливо. Ќе биде многу тешко да се маневрира во тој момент, а потоа ќе почне длабока зима. И тогаш во тој момент ќе видиме каде ќе одат работите. Но, сега е рано да се каже дали оваа офанзива пропадна или не“, вели американскиот генерал.