Бројот на загинати во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“ се зголеми на 14 лица, откако се пронајдени уште две безживотни тела во поплавен дом во село во близина на градот Кардица, а исчезнати се три лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека загинатите биле идентификувани и станува збор за 65-годишен маж и 88-годишна жена, кои беа исчезнати. Најверојатно станува збор за мајка и син.
Во погодените подрачја продолжува акцијата за спасување и евакуација на граѓаните заглавени во поплавените населени места.
Официјално, за исчезнати се уште се водат три лица, еден сточар и двајца туристи од Австрија.