Клиниката за онкологија ги води како живи пациентите кои што некогаш се лекувале таму, а потоа починале во домашни услови! Причината за ова е постоењето на два системи кои ја организираат работата со пациентите: „Мој термин“ и „УЛТРА“, но во ниту еден од нив не била регистрирана смртта на пациентите пуштени на домашно лекување.
Според информациите во медиумите, системот „УЛТРА“ е местото каде се заведува каков лек примил секој пациент и по однос на заведеното се прават требувањата за лековите од оделот до аптеката. Согласно ова, за пациенти кои се починати дури и пред десетина години, на нивното досие во УЛТРА почнувале да се лекуваат други пациенти.
Ако се земе во предвид дека овој пропуст постои уште од првиот ден кога е воспоставен овој систем, и за проблемите и пропустите во истиот знаат од директорите на Онкологија, до сите министри за здравство изминативе години, тогаш нема сомневање дека системскиот пропуст е намерен.
Бидејќи не се преземало ништо сите овие години проблемот да се реши, се поставува прашањето: Дали пропустот е направен со цел злоупотреба на починатите пациенти и истиот е користен за требување на лекови кои се продаваат на црниот пазар?!
Затоа, го повикуваме обвинителството сериозно да се зафати за работа. Одговорност за правењето криминал и заработувањето пари на сметка на починатите пациенти мора да има! А ние, излегуваме на протест во понеделник од 18 часот, кој ќе заврши пред Обвинителство. Или ќе ги најдете ВИНОВНИЦИТЕ и криминалците, или сте нивни СОУЧЕСНИЦИ, поинаква опција НЕМА!
ФБ статус на „Протест против убиството на Онкологија“