УНИЦЕФ: Повеќе од 700 деца убиени во Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел

/ 14.10.2023

Повеќе од 700 деца се убиени во Појасот Газа од избувнувањето на војната меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел, соопшти денеска УНИЦЕФ.

„Според последните извештаи на локалните здравствени власти и медиумите, повеќе од 700 деца се убиени, а повеќе од 2.450 се ранети“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Ел-Хатаб.

Портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер изјави дека убивањето на децата мора да престане.


Од истата категорија